Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна незгода што попладнево се случи на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Loading...

– На 30.04.2021 година во 15.17 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Св.Николе се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило и мотоцикл, каде што возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во кумановската болница, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Извршен е увид на лице место од страна на СВР Куманово.

Сообраќајот кратко време беше во прекин во двата правци додека траел увидот, информираат од АМСМ.

Никола Ивановски

Leave a Reply