Тешко повреден мотоциклист од Куманово откако излетал од патот

Сподели со своите пријатели

Осумдесет и тригодишен мотоциклист од Куманово е тешко повреден, откако со својот мотор излетал од патот.

Loading...

– На 05.08.2021 околу 10.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – село Табановце, Љ.С.(83) од Куманово, управувајќи мопед „томос”, изгубил контрола и излетал од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Љ.С., констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply