Тешко повреден малолетен пешак во Куманово

Сподели со своите пријатели

Малолетен пешак од Куманово вчера бил тешко повреден откако во него вчера удрил „цитроен“.

Loading...

– На 08.08.2022 во 15.10 часот било пријавено дека во Куманово, на ул.„11-ти Ноември“ патничко моторно возило “цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(69) од Куманово, удрило во малолетен пешак од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  22-годишник нападнат во кумановско Љубодраг