Тешко повреден градежен работник од Куманово

Сподели со своите пријатели

Шеесет и двегодишен градежен работник од Куманово бил тешко повреден откако паднал од – скеле извршувајќи градежни работи на станбен објект.

Loading...

– На 05.04.2021 година во 13.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 12:30 часот во населбата „Ајдучка чешма“ лицето И.Н.(62) при извршување на градежни работи на станбен објект, паднал од скеле и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од страна на СВР Куманово бил извршен увид на место на настанот.

Никола Ивановски

Leave a Reply