Тешко повреден 25-годишен пешак од Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен пешак од Куманово е тешко повреден откако во него удрило возило цитроен.

Loading...

– На 23.01.2023 во 19.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од  ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Трст“ во Куманово, патничко моторно возило „цитроен ц5“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(57) од Куманово, удрило во пешакот А.М.(25) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи куманово.

Во несреќата, како што појаснуваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски


ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата