Тешко повреден 23-годишен пешак од Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишен пешак од Куманово се здобил со тешки повреди, откако во него удрил 69-годишен сограѓанин со „опел корса“.

Loading...

– На 23.02.2020 во 17.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Граничен премин Пелинце, во селото Старо Нагоричане на место викано „Попчевци“, патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ч.С.(69) од Куманово, удрило во пешакот С.С.(23) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болица Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply