Тешко повереден малолетен велосипедист во Куманово

Сподели со своите пријатели

Малолетен велосипедист од кумановско бил тешко повреден откако во него удрил автомобил пасат.

Loading...

– На 24.10.2022 околу 13.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат во селото Режановце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(29) од село Режановце, удрило во малолетен велосипедист од истото село, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по несреќата велосипедистот бил пренесен во Ургентен центар – Куманово, каде од лекар му била констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Никола Ивановски