Тешка сообраќајка кај Романовце, две лица во болница (видео)

Сподели со своите пријатели

Две лица завршија во болница, откако се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа што предмалку се случила во близина на наплатната рампа кај село Романовце.

Според информациите од портпаролот на СВР Куманово, станува збор за директен судир на две товарни патнички возила, едно со бугарски, а другото со српски регистарски ознаки. Полицијата врши увид и со повеќе детали ќе излезе наскоро.

Поради увидот, сообраќајот е во хаос и има километарски колони на наплатната рампа, што може да се види и од снимката која штотуку пристигна до редакцијата на Кумановски Муабети.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.