Тешка ноќ на преминот Табановце откако во иста вечер пристигнале 1000 мигранти

Сподели со своите пријатели

Граѓанските активисти кои веќе два месеци помагаат на мигрантите на северната граница со Република Србија, во групата на социјалната мрежа Фејсбук, јавуваат дека изминатата ноќ била исклучително тешка, откако со два возни композиции, од Гевгелија на преминот Табановце стасале близу 1000 мигранти.

Loading...

Според соопштението на граѓанските активисти, сите пристигнати мигранти биле згрижени со храна и медицинска помош, во соработка со тимовите на Црвен Крст и лекари – волонтери.

– Имавме неколку тешки случаи. Младо момче од Авганистан се одделил од своите родители и решил сам да продолжи кон Србија, каде се надевал дека ќе се сретне со своите родители. Имавме и неколку бремени жени на кои ургентно им требаше медицинска помош, ограбени млади луѓе кои изгледаа истоштено и истрауматизирано, и уште многу случаи кои ги гледаме секојдневно, јавува Александра Давидовска, граѓански активист.

Тоа што беше уште повознемирувачко, пишува Давидовска е глетката над ридот во село Лојане, каде близу 200 мигранти, повеќето од нив од Авганиистан, имаат направено импровизиран камп, каде чекаат да бидат пуштени во Србија. Во кампот престојуваат мали деца, некои од нив во лоша здравствена состојба поради условите во кои опстојуваат, со недоволна количина на храна и вода, плашејќи се да отидат во селото по медицинска помош. Во кампот, граѓанските активисти препознале и семејство од Ирак кое пристигнало на преминот Табановце претходната ноќ.

Според граѓанските активисти кои волонтираат на преминот Табановце, мигрантите од кампот велат дека на тоа место во село Лојане, секој ден околу 50 – 60 мигранти ја поминуваат границата со Србија, негирајќи дека некој им зема пари за да ги доведе до преминот.

Loading...

Во помагање на пристигнатите мигранти на преминот Табановце, со свои донации учестува Младински Исламски Форуми и НВО ”Влазнија”.