Тешка несреќа во Австрија: Воз удри во училишен автобус

Сподели со своите пријатели

Во близина на градот Пфлах во провинцијата Тирол утринава се случи тешка несреќа во која товарен воз удри во училишен автобус, а во сударот се повредени возачот на автобусот и две деца.

Loading...

Судирот меѓу возот и автобусот се случил на ниво на премин, кој не е обезбеден со рампа.

Портпаролот на Австриските железници (OeBB) Кристоф Гасер-Ејер изјави за јавниот радиодифузен сервис ORF дека ознаката јасно укажува на железничкиот сообраќај.

Засега не е јасно како возачот на автобусот го пропуштил товарниот воз што доаѓал.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?