10.09.2019 00:54

Терористот од Нов Зеланд по аспењето се интересирал само колкумина убил (ВИДЕО)

Facebook Twitter Google+

Автралискиот портал „The Australian“ објави информација како изгледало апсењето на Брентон Таранто, терористот кој уби 51 лице во нападот на Нов Зеланд.

Брентон Тарант кога бил уапсен, првото нешто што го прашал е колку луѓе успеал да убие, пренесува порталот.

Loading...

Тие додаваат дека полицијата не ги открила тие информации веднаш, но и дека полициските службеници кои го задржале ги запишале неговите зборови во извештајот за целиот случај.

Само за потсетување Тарант уби 51 лице во Нов Зеланд на 15 март.

Во напад во живо на Фејсбук, убиецот, вооружен со полуавтоматско оружје, ги нападнал муслиманите кои се собрале на молитви во петокот во две џамии во Крајстчрч.

Тогаш медиумите го оценија како најлошото злосторство во историјата на Нов Зеланд.

Против него беше поднесено обвинение во јуни, и тој се изјасни за невин по сите точки од обвинението. Судскиот процес треба да започне во мај следната година.

Обвинението за Таранто има 92 точки од кои едно е обвинение за тероризам, исто така прво обвинение за тероризам во историјата на Нов Зеланд, со 51 обвинение за убиство, додека 40 точки за обид за убиство.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments