Тензиите меѓу Зеленски и Залужни ја забавуваат работата на воената стратегија на Киев

Сподели со своите пријатели

Официјални лица во Вашингтон се загрижени поради несогласувањата меѓу претседателот на Украина Володимир Зеленски и врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни, кои го забавуваат развојот на новата воена стратегија на Киев, објави Блумберг.

Loading...

Според изворите на агенцијата, украинската армија сега прави планови за 2024 година, но тоа го отежнуваат несогласувањата меѓу Зеленски и Залужни.

Америка, имено, сака Киев да го „изостри“ својот воен план и да утврди како може подобро да и помогне на Украина.

Се посочува дека сојузниците се надеваат дека Вашингтон ќе обезбеди нова помош за Киев до следниот месец, иако во САД „нема знаци“ дека тоа ќе се случи.

Потсетуваме дека украинските и западните медиуми редовно пишуваат за заладените односи меѓу Зеленски и Залужни од есента.

Во интервју за „Економист“, врховниот командант на вооружените сили на Украина призна дека конфликтот во Украина дошол во ќорсокак.

Тој исто така рече дека украинските војници нема да можат да направат пробив на фронтот. После тоа, кабинетот на украинскиот лидер ги критикуваше изјавите на Залужни.

Весникот „Вашингтон пост“ напиша дека Залужни, кој е популарен меѓу своите сограѓани, би можел да претставува закана за Зеленски доколку реши да започне политичка кариера, пренесува Спутник.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.