Тензично на јужната граница: Мигрант загина од струен удар

Сподели со своите пријатели

Попладнево на македонско – грчката граница кај Идомени, загина мигрант при струен удар. Мигрантот кој заедно со останатите економски мигранти веќе неколку дена наназад протестираат на грчката страна од границата, бил меѓу 1500 -те лица присутни кај Идомени.

Loading...

Барајќи да поминат, незадоволните мигранти во бркотницата одеднаш забележале дека телото на Мароканецот било изгорено откако тој се качил на вагоните за да извикува пароли да се отворат границите кон Европска Унија.

Протестите започнаа откако Македонија го затвори протокот на мигранти кон ЕУ со подигање на метална ограда висока три метри од каде се пропуштаат само бегалци од Ирак, Авганистан и Сирија.

Неодамна, поточно минатата сабота, мигрант за кој исто се верува дека е Мароканец претпре сериозни изгореници откако и тој се качи на вагон каде што беше погоден од струен удар.

 

На јужната граница е тензично, јавуваат граѓанските активисти, и засега се сопрени сите возови кои се упатуваат кон север.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.