Тенисот ја вжешти говорницата на Советот на Општина Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово денеска на продолжението од својата 52. седница, по долгата и плодна расправа која траеше нешто над два часа, одлучи да го измени правилникот за начин на користење на тенискиот терен „23-ти Октомври“.

Loading...

Освен  што со новите измени терените ќе работат и на државни празници, советниците донесоа одлука со која му се наложува на Одделението за култура и спорт да изготви заклучок со кој ќе започне процедурата за обнова и реконструкција на двата тениски терени лоцирани на градскиот кеј.

 

 

Плодната дискусија сепак, ја инциирало силното лобирање на здружението на граѓани тениски рекреативци „Новак Ѓоковиќ“ кое имало оделни средби со дел од советниците, но и претседателката Атина Мургашанска.

На говорницата се редеа и советници од власта и советници од опозицијата.

Дебатата ја отвори советникот Драган Петковски од ВМРО – ДПМНЕ, кој ја истакна потребата овие терени да работат и на државни празници, со оглед дека граѓаните тогаш се слободни да ги користат.

Loading...

– Дали мислите дека ако со тениските терени стопанисува некоја приватна фирма дека нема да работат на државен празник, сигурно не, и ви велам дека сите рекреативци и луѓе кои се занимаваат со други работи во работните денови се зафатени, ги чекаат баш деновите за викенд и празник кога би можеле да го користат тенискиот терен и можеби баш за државните празници ќе бидат најискористени и ќе дојдат луѓе што во другите денови нема да ги користат, истакна Петковски.

 

 

Проблем според Петковски, повикувајќи се на разговорот со здружението на рекреативци, се и термините кои во вечерните и попладневните часови се зафатени од клубовите.

– По нивно тврдење насекаде во Македонија и пошироко клубовите тренираат претпладне и во утрински термини, а ударните по ручек и навечер се предвидени за рекреативците, немаат ништо против и утринските бесплатно да им се дадат на клубовите, а попладнвните да се резервираат за оние што плаќаат. Кај нас е обратно, може клубовите да тренираат и во термини кои и онака би биле попоплнети. Мислам дека треба да се седне со овие луѓе да се разговара и да се најде заеднички јазик за поадекватно користење на овие тернеи, тоа е заеднички интерес и на општината која ги одржува овие терени и на корисниците на терените, рече Петковски.

 

Loading...

 

Од 2016 година, како што инфоримраше раководителот на Оделението за култура и спорт, Цоки Ристовски, Советот носел одлука за неколку бесплатни термини, а од пред три години за спортските клубови во детска и младинска категорија е определена цена 50 отсто пониска во однос на цената за останатите кои сакаат да играат тенис.

– Моментално има три тениски клубови, два работат со млади и деца и имаме од еден тениски клуб тројца малдинци на прво место во Република Северна Македонија во натпреварување на федерацијата, имаме први места и овие тенисери за да ја одржуваат формата бараат и претпладне и попладне да тренираат, се користат и претпладне во помал обем во однос на попладневните часови, рече Ристовски.

 

 

Според измените на оваа програма, освен што ќе работат за време на државните празници, се брише и делот со кој на рекреативците не им беше ставен на располагање тенискиот комплекс „23 Октомври“ туку двата терени на градскиот кеј кои се во лоша состојба.

Според претседателката на Советот Атина Мургашанска, за поздравување е фактот што тенисот како спорт е во подем во општината. Како што истакна таа, во наредниот период треба да се одржи средба со сите инволвирани страни со цел да се изнајде решение за проблемите, бидејќи, како што вели, со години се шират шпекулации дека некој е привилегиран.

Loading...

– Предлагам на тој состанок кога ќе се изработува тој правилник освен Секторот да бидат еден претставник од сојузот, еден претставник од двете коалици, и доколку сум слободна и јас сакам да присуствувам, ако сака и градоначалникот бидејќи навидум делува техничка работа, но не е. Со месеци и години се шират шпекулации дека некој е привилегиран, се покажа само поголем интерес и секторот и општината и ние како советници сме единствени во намерите дека ќе направиме се да овозможиме нашите клубови и деца да спортуваат и да го развиваат тенисот, изјави таа.

 

 

Единствен со став дека здружение на граѓани не треба да се привилегира за термини во однос на останатите беше советникот Благојче Јаќимовиќ, кој истакна дека термини треба да им се доделат само на клубовите кои работат со деца и младинци.

– Не сум против здруженија, но носиме одлука за тениски клубови, не за здружение. Ние овдека рекративно ако сакаме утре да играме тенис јас и советникот Тирчковиќ нема да можеме да дојдеме на ред да платиме за да може да играме. Ако бидат зафатени од здруженија и клубови кога ќе дојдат обични граѓани кога ќе сакаат да играат тенис, не ми е јасно, оваа одлука се носи за тениски клубови регистрирнаи на територијата на Општина Куманово затоа споменав не да ги навредам здруженијата, не на пензионерите, утре може ќе дојде друго, не може во иста мера да бидат рекативци и клубови, рече советникот.

Loading...

 

 

Пред да заминат на првата кратка пауза заради усогласување на предлозите, му беше наложено на Секторот, пд претседатлеката Атина Мургашанска која побара да се донесе заклучок за рехабилитација на терените на градскиот кеј.

Освен тоа, ќе се продолжи и периодот во кој ќе работат тениските терени, односно наместо до октомври, да работат до 31 декември.

Loading...

– Што се однесува до заклучокот кој во дискусијата излезе, се задолжуваат секторите при општина Куманово во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“ да започнат постапка за ревитализација и санација на тениските терени кои се ноаѓаат во спортскиот комплекс Градски кеј, рече Цоки Ристовски од Одделението за култура и спорт.

Одлуката по расправа од нешто над два часа беше донесена едногласно и советниците повторно заминаа на пауза овој пат од половина час. Паузата сега беше на барање на советникот Осама Муадини, кој ја побара со образложение дека ќе оди во џамија на молитва.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *