Температурите во постепен пораст

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната од 22 до 31 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од 12 степени во утринските часови до максимални 26 во текот на денот.

 

Loading...

 

Од УХМР додаваат дека во следните денови во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во планинските региони.

Температурите ќе бидат во постепен пораст.

 

Никола Ивановски

Leave a Reply