Температурите одат надолу – утре уште постудено

Сподели со своите пријатели

Времето денеска на повисоките места и планините ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од јужен правец.

Loading...

Најниска температура во седум часот изутрина е измерена во Скопје Петровец и во Берово, минус шест степени, а минус пет степени се регистрирани во Тетово, Демир Капија и Битола.

Четири степени под нула се измерени во Струмица и Маврово, минус три во Куманово, Прилеп, Штип и Дебар, минус два во Лазарополе, Крива Паланка, Скопје и Гевгелија,минус еден во Тополчани, Претор и Охрид, нула во Крушево, а еден степен во Виница, Пожар, Пожаране, Ѓуриште, два во Дојран.

По одделни котлини со слаба утринска магла, тивко и посвежо. Температурата ќе достигне од 5 до 14 степени.

Слично време се очекува и во среда. Попладне може да се очекува мало наоблачување. Среда ќе биде за „нијанса“ посвежа за разлика од вторник.