Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со локални врнежи претежно од снег.
Ќе дува умерен, вдолж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за слаби врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти околу три степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне само до петтиот степен целзиусов.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.
Никола Ивановски