Времето денеска ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец, информираат од Управата за хидромеотероолошки работи.
Минималната темпратура ќе се движи од 1 до 10 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 22 до 29 степени целзиусови.
Во Куманово и околината денес ќе имаме слично време. Со мала облачност и температура до 23 степени целизуусови, а во текот на ноќта температурата ќе изнесува само 4 степени.
До недела ќе се задржи претежно сончево време со свежи утра и со пораст на дневната температура. Од недела е очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд инфорираат од УХМР.