Температури до 37 степени, попладне слаби услови за нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умрена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен локален дожд и можни ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде помеѓу 14 и 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Следува период на претежно сончево и топло време. Во четврток и во сабота во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Loading...

Leave a Reply