Тело во распаѓање пронајдено во реката Пчиња

Сподели со своите пријатели

Во кумановското село Војник вчера во претпладневните часови во водите на реката Пчиња било пронајдено безживнотно женско тело, дознаваме од полициски извори.

Рибарите кои се наоѓале во близина ја почувствауле неподносливата ареа по што било пријавено во полиција веднаш откако го виделе телото.

Во интервенцијата на вадење на безживотно телото од реката Пчиња учествувала противпожарна екипа, а увид на местото на настанот извршиле и полицијата, како и Основно јавно обвинителство кое телото го испратило  на обдукција.

Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.