Тело на исчезнатата жена пронајдено распарчено во парк, Гугл пребарување на осомничениот леди крв во вените

Сподели со своите пријатели

Речиси една година откако Фелисија Џонсон беше пријавена за исчезната, во Тексас се пронајдени распарчените останки на жена од Калифорнија, додека осомничениот за нејзиното убиство останува на слобода.

Loading...

Фелисија Џонсон минатата година го посетила Хјустон барајќи работа. Таа беше пријавена за исчезната на 16 април, откако нејзиниот телефон и чанта биле пронајдени со крв на нив во близина на локалниот парк.

Чуквубука Нвободо (28) е осомничен за нејзиното убиство. Тој беше приведен, но набрзо беше ослободен без објаснување и оттогаш не се знае каде се наоѓа.

 

 

Според полицијата, тој ја однел Фелисија до неговиот стан, ја убил и ја распарчил. Нејзиното тело и личните работи ги фрлил во паркот, обидувајќи се да го прикрие злосторството.

При претрес на автомобилот на осомничениот, полицијата наводно открила латекс ракавици, кујнски нож и лопата, како и крв од жртвата.

Loading...

 

 

Во неговиот стан била пронајдена и ДНК на жената. Пребарувањето на интернет историјата на осомничениот открило дека тој наводно барал на Гугл „како да се биде сериски убиец“ и „како да се планира убиство без да биде фатен“.

Таткото на жртвата по идентификувањето на деловите од нејзиното тело изјави дека се надева дека убиецот ќе биде кривично гонет.

„Ова е првото парче од сложувалката што ќе им овозможи на органите на прогонот да ја завршат својата работа и да го изведат убиецот пред лицето на правдата“, изјави Кевин Џонсон.