Телма: Семејството Костовски од Куманово бара правда за својот дом

Сподели со своите пријатели

Семејството Костовски од Куманово ќе остане без својот дом. Вака започнува сторијата која ја направи Павле Беловски, новинар во телевизија Телма за оваа кумановско семејство.

Loading...

Крајот на 20 – годишните обиди на Слободан Костовски судски да го поделат имотот со неговиот брат по смртта на татко им, не дале плод. Судот не сакал да направи оставинска постапка, а Слободан кој се сомневал во нечесни игри,  сега вели дека и се докажале.

Тој тврди дека Основен Суд во Куманово го лажирал неговиот потпис. На рочиште е прикажан документ дека семејстовото Костовски уредно примиле доставница да се јават во судот, иако тоа никогаш не се случило. Во отсуство на Слободан, Судот се му доделува на неговиот брат. Синот на Слободан, Александар, објаснува дека е извршено графолошкото вештачење на потписот и докажано е дека тој е фалсификат.

Скандалот добива уште поголема димензија, откако кумановското обвинителство им ја уважува кривичната пријава против судијката, но, во предметот не стои името на судијката, туку за обвинета е ставено друго лице.

За останатиот дел од текстот и видео прилогот на ТВ Телма кликнете тука.