Телевизор, перници, појаси, елеци, прекривки, лежалки… Што се запленија цариниците на Табановце?

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатиот период, царинските службеници открија царински измами и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани облека, фалсификати, перници, волнени појаси со магнет, елеци, прекривки, биомагнетни лежалки, магнетни подлоги, масажер, додатоци на исхраната, вијагра, метал детектор, семенски материјал, цигари, телевизор, автоделови, информираат од Царинската управа на Република Македонија

Вкупно 35 разни производи (перници, волнени појаси со магнет, елеци, прекривки, биомагнетни лежалки, магнетни подлоги и масажер), откриени при контрола на српски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во багажникот и на задното седиште на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

 

Loading...

 

Еден Телевизор SAMSUNG 75, откриен при контрола на австриски автомобил, управуван од австриски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот телевизор, пронајден во багажникот на возилото покриен со ќебе, е привремено задржан, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Leave a Reply