25.05.2017 00:22

ТЕХНОЛОШКА АПОКАЛИПСА: Се заканува напад од најопасниот вирус во историјата на сајбертероризмот


Предвидувањата за технолошкито крај на светот се секогаш интригантни прашања, но поединечни би требало да ги сфатиме сериозно.

Минатонеделниот хакерски напад беше најмасовниот вид сајбертероризам во последните 10 години, па денес секако треба подеднакво сериозно да се сфатат како и „конвенционалните“ терористички напади.

Еден твит на хрватски експерт за сајбер безбедност, Мирослав Стампар, посебно го привлекува вниманието затоа што во него тој изнесува стравови за иднината по „Wannacry“ нападот. Се сметка дека е само прашање на време кога лошите момчиња ќе научат да поврзат неколку хакерски техники кои не е можно да бидат запрени.

ФБИ не може да најде хакери, агентите им пушат многу трева

А, кога ќе бидат, „ние умираме“. Што мислел под тоа?

Името на Стампар минатите денови се провлечуваше низ медиумите. Тој меѓу првите детално ја објасни новата закана под името „Eternal Rocks“ која ги искористува слабостите на податоците на NSA („Wannacry“ користи само два).

Хакер открил податоци за вонземјани, па САД бараат негова екстрадиција (видео)

loading...

Сепак овој малвер е доста поразчличен од „Wannacry“, кога ќе го зарази компјутерот, мирува 24 часа. Потоа доунлоадира уште малвери од „dark weeb“, а потоа чека инструкции. Непотребно е да се напоменува дека обичните антивируси не се во состојба да ги детектираат.

„EternalRocks“ не штети директно на компјутерот, но има можност да го зарази компјутерот и да го претвори во нешто опасно – шпионска направа, сунѓер на информации, помошен бек-ап сервер за напад на берза и безброј други можности.

Хакери објавија имиња на 37 милиони прељубници – меѓу нив Тони Блер и луѓе од Ватикан

На првпоглед овие тврдења делуваат претерани, но Стампар додава дека работите не се прости.

„EternalRocks“ според моите проценки и натаму се унапредува. не работи ништо, освен што се размножува, но мислам дека ниту самиот креатор не е свесен колку бргу. Моментално не е опасен, но кога неговата инфективност хипотетички би се споила со некој друг вирус, најблаго кажано би бил опасен – вели Стампар.

 

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments