Тедрос останува на чело на Светската здравствена организација

Сподели со своите пријатели

Тедрос Аданом Гебрејесус, една од најистакнатите личности за време на пандемијата „Ковид-19“, е единствениот кандидат за директор на Светската здравствена организација (СЗО) по истекот на неговиот мандат, соопшти агенцијата на ОН.

Loading...

Поранешниот министер за здравство и надворешни работи на Етиопија вели во писмото во кое известува дека Ковид-19 го „уништи светот“ и дека во неговиот втор мандат сака да се осигура дека планетата е „навистина подготвена“ за уште една ваква криза.

 

СЗО бара 23,4 милијарди долари од Г20 за сиромашните земји

 

Тој беше избран за шеф на СЗО во 2017 година, а неговиот петгодишен мандат истекува во август 2022 година, пренесе АФП.

„Земјите-членки предложија само еден кандидат до 23 септември 2021 година – д-р Тедрос Аданом Гебрејесус“, соопшти СЗО.

Тој беше номиниран од 28 земји, се додава во соопштението.

Loading...

 

Пандемијата е далеку од крајот, вели директорот на СЗО

 

Тој беше поддржан од 17 европски земји, меѓу кои Австрија, Франција, Германија, Холандија, Португалија, Шпанија и Шведска.

56-годишниот Тедрос има диплома по биологија во неговата земја, магистер по имунологија во ОК и докторирал по заразни болести во заедниците.