08.10.2019 09:23

Театар Комедија го освежи фестивалот „Денови на комедија“ (ФОТО)


Со претставата „Жени пред нервен слом“, Театар Комедија од Скопје вчера внесе свежина на 22то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ со несекојдневната тематика, но и комплексна сценографија.

loading...

Кумановци уживаа во претставата подготвена од 13 актери, според текстот на Педро Алмодовар, а под режисерска палка на Иван Лео Лемо.

Публиката, како и сите претходни ги награди со громогласен аплауз, а актерите не го криеја своето задоволство од реакциите.

– Генерално ги очекував овие реакции, во Скопје горе-долу се истите реакции, само што тука имаше многу повеќе публика, првапт гостуваме надвор некаде со оваа претстава и многу сум задоволен мислам дека ги задоволивме апетитите на Куманово и публиката која го сака овој фестивал и живее за овој фестивал. Работевме доста забавно и мислам дека нема актер кој не уживаше во оваа претстава додека ја игравме, изјави актерот Жарко Димоски.

loading...

Вели дека е тешко да се игра трансџендерот во претставата, како и секоја работа, но како што вели, ништо не е тешко кога се сака.

Своето задоволство од реакциите на публиката не го криеше ниту актерката Марина Поп Панкова.

– Секоја година кога доаѓам јас и се радувам на оваа публика затоа што навистина е посебна. Дојдена е да ужива и тоа ние го чувствуваме на сцена и затоа сме секогаш пресреќни кога играме на вашиот фестивал. Со оглед на реакциите на публиката и аплаузот после претставата мислам дека супер поминавме, изјави таа.

Инаку, фестивалот „Денови на комедија“ продолжува на 10ти октомври кога ќе се игра претставата „Школо за љубовници“ на Академија „28 сцена“ од Белград.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments