Црвените телефонски говорници, кои станаа симбол на Лондон, во британската престолнина за прв пат беа претставени во дваесеттите години од минатиот век за да и најсиромашните имаат пристап до телефон. Прашањето е до кога ќе биде така, затоа што, за жал, денес говорниците никому не му се потребни.
Поради порастот на бројот на корисници на мобилната технологија, малкумина се оние на кои им се потребни говорниците. Тоа довело до ситуација истите да бидат во многу лоша состојба.
Група лондонци, за среќа, одлучиле да ги поправат.


