Во Лондон се отвора ресторан за голи гости

Сподели со своите пријатели

Во Лондон се отвора ресторан во кој гостите ќе јадат голи, а на листата на чекање се веќе 27 илјади луѓе. „Bunyadi“ е првиот лондонски ресторан во кој гостите ќе бидат послужувани голи и, како што се наведува, „ослободени од замките на модерниот живот“.

Оние кои не сакаат да се соблечат целосно ќе добијат нешто за прегрнување додека се во ресторанот кој нуди и дел за облечени, поточно за оние кои не сакаат да ја соблечат долната облека пред вечера.

Ресторанот промотивно ќе биде отворен само три месеци годишно, а капацитетот е 42 гости максимално, па многумина од листата нема да дојдат на ред.

Ресторанот би требало да започне со работа во јуни, но организаторите ја кријат се уште локацијата.

 

Loading...