Татковинска унија победи на парламетарните избори во Литванија

Сподели со своите пријатели

Главната литванска опозициска партија на десниот центар Татковинска унија соопшти дека победи на парламентарните избори и оти ќе формира влада со две помали либерални партии.

Loading...

Според прелиминарните резултати од вчерашниот втро круг на парламентарните избори, Татковинска унија освои 49 мандати.

Татковинска унија доби 73 места од вкупно 141 пратенички мандати заедно со Либералното движење и Партијата на слободата.

Партијата на земјоделците и зелените, предводена од актуелната владејачка коалиција освои 32 пратенички места, а лидерот Рамунас Карбаускис призна пораз.

Марина Илиевска

Leave a Reply