Татко и деветгодишен син пронајдени мртви во Слупчане

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седум годишен Е.С. и неговиот деветгодишен син од липковското село Опае се пронајдени мртви со прострелни рани од огнено оружје вчеравечер во атарот на селото Слупчане, кај месноста Слупчански бунар.

Loading...

Како што информираат од СВР Куманово, телата биле пронајдени од страна на полициски службеници во возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки.

Јавен обвинител и екипа од кумановската полиција излегле на терен и констатирале дека непознат сторител со огнено оружје пукал во пронајдените лица.

Телата на убиените, по наредба на Јавен обвинител биле предадени на обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply