Таско и Лука Чомбе со нов сингл „BIG SHOW“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Македонските музички артисти Таско и Лука Чомбе ја претставија својата нова заедничка песна со наслов „BIG SHOW“, која е седма по ред нумера од претстојниот албум на аско „Рани од злато“.

„BIG SHOW“ носи силна енергија и современ звук, зад кој стои комплетна авторска посветеност на двајцата изведувачи.

Музиката и текстот се заедничко дело на Таско и Лука Чомбе, додека за аранжманот и битот е задолжен Иван Јованов – Iwayo.

Финалниот звук е заокружен со микс и мастер на Иван Јованов – Iwayo и Давид Ивановски.

Песната е проследена и со видео спот, кој визуелно ја надополнува атмосферата на нумерата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановецот YUNGKILLA ја претстави новата песна „Мили Мили“ (ВИДЕО)

Режијата, директорството на фотографија, монтажата и колор корекцијата се потпишани од Никола Наумовски, кој заедно со Таско се јавува и како извршен продуцент на видеото.

Како звучи најновото музичко парче на двајцата млади македонски артисти, слушнете во продолжение: