Тасевска: Го враќаме достоинството на професијата социјален работник (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Повисоки плати за над 4.300 денари за социјалните работници, го враќаме достоинството на професијата социјален работник“, рече денеска на прес конференција пратеничката на СДСМ од Куманово, Лидија Тасевска.

Loading...

Како што посочи продолжува реализацијата на мерките што го унапредуваат системот на социјална заштита, ги подобруваат условите за работа и поттикнуваат раст на платите.

– Покрај растот на платите на вработените во градинките за над 3.000 денари, растат и платите на социјалните работници и останатите даватели на услуги во секторот социјална заштита. Почнувајќи од јунската плата во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето износ во просек по вработен. Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 од вкупно 1.531 вработени, изјави Тасевска.

Како што додаде пратеничката,  следува уште едно зголемување на платите од 5 отсто во месец септември, со што вработените во секторот социјална заштита оваа година ќе имаат за 27 отсто повисоки плати.

– Тоа е најголемо зголемување досега. На овој начин ги мотивираме вработените уште попосветено да ја работат својата професија и истовремено го враќаме достоинството на професијата социјален работник. Од овој месец, 3.138 вработени во градинките и 1.170 социјални работници и останати даватели на услуги добиваат повисоки плати. Над 4.300 вработени во системот за детска и социјална заштита добиваат значително поголеми месечни примања, рече Тасевска.

Како одговорна партија, додава Тасевска, остануваме посветени на унапредување на социјалната заштита, градиме систем кој се грижи за граѓаните и обезбедува квалитетни услови за работа на стручниот кадар.

Leave a Reply