Само еден ден откако Фондот за здравствено осигурување најави дека во употреба се враќаат сините картони, министерот за здравство Арбен Таравари вели дека граѓаните ќе може да се лекуваат со лична карта, пасош или старата здравствена легитимација или електронската картичка со изминат рок на траење, бидејќи на електронските картички им истекол рокот и нема кој да ги печати.
Сините картони се минато и немаме намера да ги враќаме во употреба. Настојуваме да го олесниме целиот процес и лекарите да немаат потреба да се занимаваат со хартиени дикументи. Тоа значи дека граѓаните нема потреба да ги имаат ниту да ги покажуваат – рече Таравари.
Таравари вели дека не знае кој ги пуштил во оптек сините картони и најави дека ќе го истражи случајот и некој ќе поднесе одговорност за тоа.
Според министерот се разгледуваат неколку можности за решавање на проблемот со здравствените електронски картички.
Вклучени се МВР, Министерството за информатичко општество и администрација, како и стручни лица од ИТ областа за да се најде трајно решение на проблемот – рече тој.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.