Талибанците создадоа авганистански „Бетмобил“

Сподели со своите пријатели

И покрај економската криза, поради која половина од населението е на работ на гладување, Авганистан се пофали дека го направил својот прв „супер автомобил“.

Loading...

Автомобилот „Мада 9“, слично на „бетмобил“ за талибанците, како погон користи мотор од „тојота корола“ од 2000 година.

Шасијата и каросеријата се изградени од инженери и дизајнери од Авганистанскиот технички стручен институт (ATVI).

„Специјалитетот на овој автомобил е што е произведен во Авганистан, а таков автомобил не е направен во светот“, изјави за „Толо њуз“ Гулам Хајдар Шухамат, шеф на ATVI и додаде:

„Авганистан беше земја позната по војни, конфликти и мизерија, но сега овде е изградено такво возило. Има уникатен дизајн, силен е и лесен.“

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид прв на Твитер ја сподели снимката од спортскиот автомобил како вози по снег.

Дизајнерот на „Mada 9“ Риза Ахмади изјави за „Tolo News“ дека се надева дека ова возило ќе помогне да се промени имиџот на неговата земја.

„Овој автомобил ќе биде амбасадор и ќе вози низ Авганистан и ќе ја пренесе вредноста на знаењето на луѓето“, вели Ахмади.

Loading...

Создавањето на прототипот на автомобилот го финансираше компанијата „Entop Auto Studio“, која соопшти дека се надева дека автомобилот  ќе биде јавно претставен за прв пат во октомври оваа година на Експо во Доха, Катар.

Конструкторите сè уште не ги откриле техничките спецификации на автомобилот, а неговите креатори велат дека овој модел сѐ уште е во развој.

На едно видео на YouTube, „ Мада 9“ може да се види како се врти по асфалтен пат додека дува низ снегот додека група талибанци го следат тест возењето.

Видеото е придружено со текст во кој се опишува „мада 9“ како првиот самостоен суперавтомобил во Авганистан, со тврдења дека е еквивалент на „Бугати“.