Талибанците го зазаедоа Газни, на 150 километри од Кабул

Сподели со своите пријатели

Талибанците денеска ја презедоа контролата врз градот Газни, 150 километри од Кабул, соопштија властите.

„Можам да потврдам дека Газни утрово падна во рацете на Талибанците. Тие ја презедоа контролата врз клучните области на градот: канцеларијата на гувернерот, полицискиот штаб и затворот”, изјави Насир Ахмад Факири, кој го предводи провинцискиот совет.

Талибанците потврдија дека ја презеле контролата над градот.

Loading...

Во рацете на Талибанците се 10 од 34 главни градови на провинцијата. Газни е најблиску до Кабул, главниот град на Авганистан.

Падот на тие градови го означи најновиот напредок во неколкунеделната офанзива на Талибанците во време кога американските и силите на НАТО го завршуваат повлекувањето од земјата зафатена од војна.

Талибанците преземаат акција и покрај осудите од меѓународната заедница и предупредувањата на Обединетите нации дека насилното преземање делови од територијата нема да биде признато.