Талибанците ги прекинаа конзуларните услуги во Лондон и Виена

Сподели со своите пријатели

Талибанците ги суспендираат конзуларните услуги во авганистанските амбасади во Лондон и Виена, поради недостаток на соработка со властите во Кабул, изјави во неделата портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Суспендирањето на конзуларните услуги во двете амбасади стапува на сила веднаш и ќе продолжи до понатамошно известување, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Абдул Кахар Балки.

Засегнатите услуги вклучуваат издавање и продолжување на пасоши и визи, пренесува Бета.

Поголемиот дел од авганистанските конзуларни мисии вработуваат персонал од поранешната администрација поддржана од Западот, а само десетина се под целосна контрола на талибанските власти.

Дипломатски односи

Некои земји одржуваат дипломатски односи со Авганистан, вклучувајќи ги Пакистан, Турција, Катар и Кина.

Меѓутоа, меѓународната заедница останува претпазлива за официјално признавање на Талибанците како легитимни владетели на Авганистан.

Запрашан дали министерството ги проверува активностите на повеќе амбасади, Балки рече дека тоа е така, бидејќи тоа е нормална процедура на министерството.

Талибанците испратија дипломати во најмалку 14 земји и во тек се напори да преземат други дипломатски мисии во странство, се вели во соопштението објавено од нивниот главен портпарол Забихула Муџахид во март оваа година.

Loading...