Талибанците ги користат американските авиони за лулање (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Чао Лихен го исмејуваше хаотичниот колапс на поранешниот авганистански режим поддржан од САД и сподели снимки од талибански војници како ги користат нивните воени машини како лулашки.

Loading...

„Гробиштата на империите и нивните воени машини. Талибанците ги претворија нивните авиони во лулашки и играчки”, напишал Личјен.

Видеото што го сподели портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи покажува талибански војници кои врзале јаже за крилото на заробениот авион и го користат како лулашка.

Исламистичката група сега го контролира целиот Авганистан, како и огромен арсенал воена опрема и оружје што ги зароби од претходниот режим.