Тактика на авио-компаниите: Зошто летовите траат се подолго?

Сподели со своите пријатели

Дали некогаш сте се запрашале зошто изгледа дека времето на летото соа вион од место до место се повеќе се продолжува?

Loading...

Тоа се нарекува „padding“, феномен кој им помага на авио-компании да стигнат на време, но со цената која ја плаќаат сите.

Во шеесеттите години биле потребни пет часа лет од Њујорк во Лос Анџелес и само 45 минути од Њујорк до Вашингтон. Денеска тие исти летови траат плус 75 минути, иако аеродромите никаде не се поместиле, пишува ВВС.

Тоа се нарекува „ползење по распоредот“ или „padding“ и тоа е тајна која авио-компаниите не сакаат да ја знаете, особено сооглед на влијанието врз околината.

Тоа е дополнително време кое авио-компаниите го планираат за лет од точка А до точка Б. Со оглед дека летовите постојано доцнат, авио-компаниите вградиле каснење во своите распореди наместо подобрување на ефикасноста за работа.

Овој глобален трент претставува повеќе проблеми, не само што нашите аптувања траат подолго, туку создаваат привид за точноста, што значи дека нема притисок врз авио-компании да постанат делотворни. Тоа пак значи дека задушување на воздушниот сообраќај и емисиите на јаглерод диоксид и натаму растат.

– Во просек повеќе од 30 отсто од сите летови доцнат повеќе од 15 минути секој дне, покрај padding-от, велат капетан Мајкл Бајада, претседател на авионската консултантска компанија ATH груп, повикувајќи се на извештајот на Канцеларијата за превоз на аптници во воздушниот сообраќај.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *