Тајзи со нова песна – „Се ми е со тебе“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Еден од најуспешните,но и најозборуваните артисти на социјалните мрежи продолжува да е активен кога се работи за нови песни и спотови, а публиката навистина ужива во неговите хитови. Последен пат се уверивме во тоа на Вино-Скоп во Скопје каде што  и покрај озборувањата собра најголема публика.

Loading...

Деновиве тој сними нова песна и спот кој го изработи „Фабрика“ продукција, додека  музиката  е на Тајзи и Ивајо. Текстот е исто така на Тајзи, а тој периодов работи и на својот втор соло албум кој треба да  излезе наредната година.

Ова е една од песните кои ми стојат од поодамна  и мислам дека сега и дојде време да ја промовираме. Во есен и зима се слушаат  песни за гушкање. Инспирација за ваква песна ми се сите парови кои не се срамат и плашат да си покажат колку се сакаат и си значат и  како што кажува самиот текст- животот е клише ако не си зближен со жената која си ја сакал највише- вели Тајзи.

Новите песни на кои работи  се со реге-ска ритам и со социјални теми и како што тој самиот кажува, продолжува по патот на будење на свеста на луѓето за подобро утре ,за материјализмот кој се повеќе е во луѓето ,за  еднаквост  и соживот како и против било каква поделба била верска или партиска.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.