Тајван: Маск треба да ангажира сериозен советник

Сподели со своите пријатели

Тајвански функционер денеска изјави дека американскиот бизнисмен Илон Маск треба да ангажира „сериозен“ политички советник, коментирајќи го предлогот за решавање на конфликтот меѓу Кина и Тајван, што мултимилијардерот го претстави во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Loading...

„Светот јасно виде што се случи со Хонг Конг“, изјави тајвански функционер кој сакаше да остане анонимен бидејќи не е овластен да зборува со медиумите, пренесе Ројтерс.

Во интервјуто објавено вчера, Маск сугерираше дека тензиите меѓу Кина и Тајван може да се решат со тоа што на Пекинг ќе му се даде одредена контрола над Тајван.

„Мојот предлог би бил да се смисли посебна административна зона за Тајван… Што веројатно нема да ги израдува сите“, рече Маск.

Маск го изјави ова како одговор на прашањата за Кина, каде што неговата компанија Тесла Моторс, која произведува електрични автомобили, работи со голема фабрика.

„И можно е (да се формира администрација) и мислам дека е веројатно… Дека тие би можеле да имаат поблаг аранжман од Хонг Конг“, рече Маск.

Основачот на компанијата Spacex и ко-основачот на компанијата Tesla, минатата недела на Твитер претстави предлог како да се запре војната во Украина.

Тој изјави дека е неопходно да се повторат изборите во регионите кои гласале за приклучување кон Русија, под надзор на Обединетите нации, па ако народот изрази волја Русија да си замине, нека биде.

Loading...

Ставот на Маск, за да може да се реши војната меѓу Русија и Украина, предизвика бурни реакции на Твитер, а на најавите на Маск реагираше и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Кина го гледа Тајван како една од нејзините провинции, а Пекинг долго време вети дека ќе го врати островот под кинеска контрола, не исклучувајќи ја употребата на сила доколку е потребно.

Владата на Тајван силно се спротивставува на тврдењата на Кина и вели дека само 23 милиони жители на островот можат да одлучат за нивната иднина, според Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.