Планот за продолжување на задолжителната воена служба во Тајван на една година од сегашните четири месеци ќе биде објавен денеска.
Од кабинетот на претседателката на Тајван, Цаи Инг-вен соопштија дека таа денеска ќе свика состанок за национална безбедност, на кој ќе се разговара за зајакнување на цивилната одбрана на островот, по што јавноста ќе биде информирана за донесените нови мерки.
Властите во Тајпеј размислуваат да го реформираат воениот систем на Тајван, почнувајќи од 2020 година, поради зголемените закани од Кина, пренесува Танјуг.
Според плановите, кои треба да стапат на сила во 2024 година, регрутите ќе бидат подложени на поинтензивна обука, вклучително и целна практика и насоки слични на оние што ги користат американските сили.
Тој додаде дека регрутите ќе имаат задача да ја чуваат виталната инфраструктура, дозволувајќи им на редовните сили да реагираат побрзо во случај на каков било обид на Кина да изврши напад.
Тајванското Министерство за одбрана одби да ги коментира наводите, а официјалната Централна новинска агенција, повикувајќи се на владини извори запознаени со ова, најпрво во понеделникот објави дека владата во Тајпеј ќе објави план за продолжување на задолжителната воена служба.
Тајван претходно постепено преминуваше од регрутен систем во професионална воена сила во која доминираат доброволци, но растечката активност на Кина кон островот за кој тврди, како и рускиот напад врз Украина, поттикнаа дебата за тоа како да ја зајакне нејзината одбрана.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.