ТАЈПЕЈ: Кина води информативна војна против Тајван

Сподели со своите пријатели

Тајпеј денеска го оцени како претерано тоа што Кина објави видео од стратешки важните острови Пенгу, каде што се наоѓа голема тајванска воздухопловна база и рече дека не е точно оти кинеските сили се приближиле до островите, пренесува Ројтерс.

Loading...

Кина, која тврди дека Тајван е нејзина територија, спроведе воени вежби околу островот претходно овој месец по посетата на Тајпеј од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Источната воена команда на Кина, која е одговорна за областа околу Тајван, во понеделникот објави видео од островот Пенгу, очигледно направено од авион на кинеското воздухопловство, наведува британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американските власти ги забранија летовите над Хаити по инцидентот со Spirit Airlines и JetBlue

Заменик-началникот на штабот на тајванските воздухопловни сили им рече на новинарите во Тајпеј дека станува збор за кинеска информативна војна, но не понуди објаснување како настанала снимката.

„Кина користи претерани трикови за психолошка војна за да покаже колку е блиску до островот Пенгу, што не е точно“, изјави воен претставник во Тајпеј.

Тајванското Министерство за одбрана, во извештајот за активностите на кинеското воздухопловство во близина на островот во понеделникот, на мапа покажа дека најблиску кинески авиони до Пенгу тој ден биле четири ловци Ј-16.

Според прикажаната карта, тие ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец, неофицијалната бариера меѓу двете страни, но останале поблиску до кинескиот брег отколку до овој остров, наведува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои се двете најопасни жени во Европа? Овие убавици ги бара Интерпол!

Официјалниот претставник исто така рече дека Тајван „има информации во реално време“ за тоа што се случува на небото и дека кинеските авиони се движат северно и југозападно од Тајван и преку централната линија.

Loading...

Пенгу, летна туристичка дестинација, се наоѓа во близина на југозападниот брег на Тајван, според Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.