Тајпеј: Кина ги крши правилата на ОН со воени вежби, островот е блокиран

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека Кина со спроведување на воени вежби ги прекршила правилата на Обединетите нации, извршила инвазија на територијата на Тајван и дека кинеските сили го блокираат воздушниот простор и водите кои му припаѓаат на Тајван.

Loading...

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека островот цврсто ќе ја брани својата безбедност, ќе се спротивстави на секој потег што го нарушува неговиот територијален суверенитет и дека војската ќе го подигне своето „ниво на будност“ на таков начин што нема да предизвика конфликти, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се наведува дека „Кина продолжува да води психолошка војна против Тајван“, и дека граѓаните не треба да веруваат во гласини и се поканети да ги пријават сите лажни вести до владата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германска банка планира да отпушти 3.900 работници

Набргу по пристигнувањето на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси во Тајпеј, кинеската војска започна воздушни и поморски воени вежби во близина на Тајван и пробно лансирање на конвенционални ракети во морето источно од тој остров, наведува британската агенција.