Тајни известувачки служби кои господарат со светот

Сподели со своите пријатели

Известувачките служби секаде во светот се една од најсилните карики за стабилната национална безбедност.

„ISI“: Директоратот „ИСИ“ е главната известувачка служба во Пакисстан основана во 1948 година. Нејзината должност е да собира круцијални информации во врска со националната безбедност за потребите на Владата на Пакистан. „Американ крајм њуз“ пакистанската известувачка служба ја прогласија за најдобра и најсилна служба од овој тип во светот. Седиштето на ИСИ е во Исламабад.

„CIA“: Од сите служби кои се занимаваат со безбедноста во САД, како што се ФБИ, ДИА, НСА, најистакната и најпозната е ЦИА. Основана е во 1947 година како една од најдобрите и најнезависните агенции на светот. Примарната функција е да анализира податоци за странските држави, како и анализа на податоци која ја бара највисокото раководство на САД, како и посебни операции за претседателот на САД. Седиштето на агенцијата се наоѓа на неколку километри од Вашингтон.

„MI-6“: Британската МИ6 е основата нешто пред Првата светска војна за да се занимава со активностите на германската Вада. Главниот штаб им се нарекува „SIS Building“ и се наоѓа во Лондон.

МИ-6 бил толку близу вмешан во разни настани во 20 и 21 век, но тоа не било обелоденето пред 1994 година. Агентите на оваа агенција се задолжени внимателно да водат сметка за внатрешните и надворешните терористички активности, како и за организациите и државите кои би можеле да ја загрозат националата безбедност на британското кралство.

„FSB“: Рускито ФСБ или најкратко речено наследникот на некогашното КГБ кое делувало за време на СССР. Основана е во 1995 година и е посветена на контратероризмот и работата на заштита на интересите на Руската Федерација. Според некои податоци ФСБ има 250.000 агенти кои работат тајно во земјата или како странски шпиони во многу држави во светот.

„BND“: Германската БНД е формирана за време на Втората светска војна за да ја шпионира стратегијата и плановите на непријателите, а седиштето на истата се наоѓа во Минхен.

Буџетот на германската федерална служба се мери во милијарди евра. Користи најмодерна опрема за да ги шпионира непријателите во корст на Владата и се смета за една од најдобро организираните известувачки служби во светот.

„RAW“: RAW претставува известувачка служба во Индија основана во 1968 година. Оваа известувачка служба одговара само на премиерот на Индија додека нема никаква одговорност кон Парламентот во таа земја.

Нејзината најголема одговорност и задолжение е да се занимава со собирање податоци за можни терористички напади. Главата мета и е соседот Пакистан.

„DGSE“: Ова е франсуцката известувачка слуба и посебно е задолжена за најчувствителните прашања што се однесува до државната безбедност.

Таа не е позната како останатите известувачки агенции, но, како што тврдат нејзините службеници, успеала да спречи 15 терористички напади во Франција, а во неа има околу 5.000 агенти.

„ASIS“: Оваа австралиска известувачка служба е основана во 1951 година од страна на извршната влас на Комонвелтот.

И покрај многуте контроверзии таа е една од најдобрите известувачкиа генции во светот.

„MSS“: Кинеската известувачка служба чиј главен штаб се наоѓа во Пекинг има примарена цел контраизвестувачка дејноста и заштита на државните и политички интереси.

Агенцијата работи паралелно со бирото за јавна безбедност. Агенцијата е основана од страна на Комунистичката партија.

„MOSAD“: Добро познатата израелска известувачка служба пред се се занимава со собирање контра терористички податоци како и многу тајни операции. Директорот на оваа агенција извештајот го поднесува кај премиерот на Израел.

Нивните агенти се вклучени и во собирањето значајни податоци во корист на Израел. Ниваната најдобра единица е Мостада која е задолжена за многу убиства и тајни операции ширум светот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.