Тајни документи: Шефот на Вагнер нудел на Украина информации за руската армија

Сподели со своите пријатели

Кон крајот на јануари, додека неговите платенички сили масовно гинеа во битката за уништениот град Бахмут, сопственикот на Вагнер, Евгениј Пригожин, упатил необична понуда до Украина.

Loading...

Пригожин ркеол дека ако украинските команданти ги повлечат своите војници од областа околу Бахмут, ќе му дадат на Киев информации за позициите на руските трупи, кои Украина би можела да ги искористи за да ги нападне.

Тајната комуникација со Украинците се споменува во документите на американските разузнавачи

Пригожин го пренел предлогот на неговите контакти во украинската воено-разузнавачка администрација, со кои одржувал тајна комуникација за време на војната, според досега непознатите документи на американските разузнавачки служби кои беа објавени на групната чет платформа Дискорд.

Пригожин е во јавен конфликт со руските воени команданти, за кои тврди дека не успеале да ги опремат и да ги снабдат неговите сили, што е од витално значење за воените напори на Москва.

Но, тој е и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, кој би можел да ја смета понудата на Пригожин за размена на животите на вагнеровите борци за руски војници за предавство, пишува Вашингтон пост.

Протечениот документ не појаснува кои позиции на руските војници Пригожин понудил да ги открие.

Киев ја одбил понудата на Пригожин

Двајца украински функционери потврдија дека Пригожин неколку пати разговарал со украинската разузнавачка служба позната како ХУР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ISW: 2025 година ќе биде клучна година за Русија. Путин постави ултиматум

Еден функционер рече дека Пригожин повеќепати дал понуда во врска со Бахмут, но дека Киев ја одбил затоа што властите не му верувале на Пригожин и верувале дека неговите предлози може да бидат неискрени.

Loading...

Американски функционер, исто така, предупредил дека во Вашингтон има слични сомнежи за намерите на Пригожин.

Во неодамнешното интервју за Вашингтон пост, украинскиот претседател Володимир Зеленски не сакаше да ги потврди контактите со Пригожин:

„Ова е прашање на воено разузнавање“, рече тој.

Украинскиот лидер, исто така, се спротивстави на јавното објавување на доверливи информации и рече дека верува оти истекувањето е од корист за Русија.

Пригожин бил фрустриран од тешките борби во Бахмут

Но, не може да се оспори горчливата фрустрација на Пригожин од тешките борби во Бахмут.

Тој се пожали, јавно и приватно, дека руското Министерство за одбрана не им дава на неговите борци муниција и други ресурси што им се потребни за да успеат.

Бахмут, град во источна Украина, беше сцена на веројатно најкрвавите борби во војната.

Во текот на изминатите неколку месеци, украинските и руските сили претрпеа големи загуби во борбите на градските улици.

Loading...

Пригожин вети дека ќе ја преземе контролата врз градот до 9 мај, на време за прославите на Денот на победата на Русија, а неодамна јавно се закани дека ќе ги повлече своите сили од борбата.

Шефот на Вагнер е се поголем проблем за руското Министерство за одбрана

Други протечени документи откриваат дека претставници на руското Министерство за одбрана приватно се прашуваат како да одговорат на критиките на Пригожин за работата на војската и неговите барања за повеќе ресурси, за кои тие очигледно признаа дека не се нелегитимни жалби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бланар: Членството на Украина во НАТО ќе создаде дополнителни конфликти

Документите, исто така, откриваат борба за моќ меѓу Пригожин и највисоките функционери, вклучувајќи го и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Во оваа тензична средина, Пригожин одржувал тајна комуникација со украинската разузнавачка служба, која, покрај телефонските разговори, вклучувала и лични средби со офицери на ХУР во неодредена земја во Африка, според еден документ.

Силите на Вагнер обезбедуваат неколку влади на тој континент.

Американските разузнавачи укажуваат дека Пригожин жали за големите загуби на неговите сили и ја повикува Украина посилно да ги нападне руските трупи.

Што им порача Пригожин на Украинците?

Според еден документ, Пригожин му рекол на украинскиот разузнавач дека руската војска има проблеми со снабдувањето со муниција.

Тој ги советуваше украинските сили да ја нападнат границата на Крим, кој беше нелегално припоен од Русија, додека моралот на руската армија беше низок.

Loading...

Во извештајот се наведени и други разузнавачки информации, истакнувајќи дека Пригожин бил свесен за падот на моралот меѓу силите на Вагнер и дека некои од неговите борци одбиле наредба да се распоредат во областа Бахмут под силен оган, плашејќи се од повеќе жртви.

Во воени услови, не е невообичаено спротивставените страни да одржуваат некаков облик на комуникација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин најави сериско производство на модерно оружје за руската армија

А документите не ја откриваат намерата на Пригожин во разговорите со неговите поранешни непријатели во Украина.

Во интервјуто, украинскиот функционер ги карактеризира контактите во духот на „држење пријатели блиски, а непријателите уште поблиску“.

Што знае Кремљ за сето ова?

Документите, исто така, сугерираат дека Киев се сомнева или можеби знае дека Кремљ е свесен за комуникациите на Пригожин со украинските разузнавачи, ако не и за неговите тајни преговори за Бахмут.

Во еден документ, заснован на прислушуваните комуникации, се наведува дека шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирило Буданов, „очекувал дека Русите ќе ги искористат деталите од тајните разговори на Пригожин со ХУР и неговите состаноци со нивните офицери во Африка за да го натераат да се претстави како украински агент“.

Loading...

Во документот не е прецизирано дали Буданов се сомнева дека Москва веќе знае дека Пригожин разговара со офицерите на ХУР.

Кога бил информиран дека документите на американските разузнавачки служби ја откриваат неговата комуникација со украинската разузнавачка служба, Пригожин ја релативизирал целата ситуација.

„Да, секако дека можам да ја потврдам оваа информација, немаме што да криеме од странските специјални служби. Буданов и јас сѐ уште сме во Африка“, напиша Пригожин во неделата преку својот канал „Телеграм“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.