Тајната на среќата во првите 30 минути од денот: Финците ги имаат овие 7 навики!

Сподели со своите пријатели

Почетокот на денот го обликува нашето секојдневие, а со тоа и нашиот живот.

Loading...

Дишење на свеж воздух, топол напиток и поставување мали цели е рецепт што Финците го препорачуваат на сите

Финците не се познати како народ кој сака да ги покажува своите чувства, но тие имаат совршен баланс на деловниот и приватниот живот. Што тогаш ги прави поврзани и задоволни?

 

 

Доволно е да се каже дека над 80 проценти од Финците им веруваат на своите политичари и полицијата, а повеќето од нив се задоволни од локалните заедници, нивната организација, здравство, образование…

Сепак, и утринските ритуали придонесуваат за нивната среќа. Финците имаат рецепт кој го обликува денот 30 минути по будењето, па затоа секогаш се обидуваат да започнат добро и без нервоза.

Loading...

Еве некои од нивните навики:

  1. Започнете го денот правилно

 

 

Пијте чаша топла вода или чај и излезете на прошетка. Ако немате време да пешачите, задолжително излезете надвор – важно е да дишете свеж воздух.

Кога размислувате за денот, минимизирајте ги своите цели затоа што така полесно ќе ги остварите, и ако не очекуваме премногу – нема да има многу фрустрации.

Значи, фокусот е на приоритетите.

  1. Доживете ја ладната вода

 

Loading...

 

Финците веруваат дека студената вода има терапевтска моќ, но додека остатокот од светот нема можност да се бања во ледени езера, секој може да го заврши туширањето со испирање со ладна вода или барем миење.

На телото му дава енергија, сила и го буди.

  1. Направете список за благодарност

 

 

Наместо да се фокусирате на она што е лошо, добро е да размислите за позитивните работи во денот и да бидете благодарни за нив.

Loading...

Не мора да ги запишувате, доволно е да размислите на крајот на денот за тоа што е добро и за што сме благодарни.

  1. Вежби за дишење

 

 

Дишењето обично е несвесно дејство, но има огромно влијание врз нашето тело. Затоа Финците често прават вежби за дишење кои им помагаат да останат смирени.

  1. Свесно одлучете да не се грижите

Кога нешто нѐ мачи, ние знаеме да размислуваме за тоа цело време. Но, тоа е циклус што може да се прекине, а Финците велат дека „човекот е создаден за многу повеќе од грижа“.

Loading...

Затоа, треба да се грижиме само за работи на кои можеме да влијаеме или да ги смениме, а некои надворешни околности што се надвор од наша контрола треба да се отстранат од нас самите, или барем од нашите мисли, и ќе има постепено прифаќање.

 

 

  1. Поврзете се со природата

Финците секој слободен момент го поминуваат во природа и сакаат да шетаат меѓу дрвјата, да уживааат во птиците, растенијата, небото.

Loading...

Во природа сакаат да возат велосипеди и да се занимаваат со разни физички активности, што одлично влијае и на здравјето и на психата.

 

 

  1. Кога и да можете, направете нешто

Без разлика дали станува збор за косење трева, едноставна торта, перење постелнина, правење цртежи или некоја друга креативна задача, луѓето се стремат кон хоби и достигнувања што подоцна ги прават да се чувствуваат исполнети и корисни.

Loading...

Кога овие работи ќе се вклопат во вашата дневна рутина, тогаш задоволството расте уште повеќе.

Leave a Reply