Свет (Page 180)

Вести од Светот.

Сподели со своите пријатели

Турција бара да склучи одбранбен договор вреден 6 милијарди долари (5,72 милијарди евра) со Саудиска Арабија, кој би можел да вклучи продажба на тенкови, воени бродови и проектили, како и партнерство во програмата на турските борбени авиони, изјавија за Блумберг извори запознаени со преговорите. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони е под судска истрага поради ненадејната одлука на Италија да ослободи либиски полицаец кој е под налог за апсење на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Осама Елмасри Њем беше ослободен минатата недела по неколкудневен притвор по налог за апсење на МКС издаден за наводни злосторства против човештвото,Прочитај повеќе

a flag on a pole

Сподели со своите пријатели

Германија е во длабока економска криза, објави индустриското здружение BDI, оценувајќи дека активноста во најголемата економија во еврозоната благо ќе се намали во 2025 година. Доколку се оствари прогнозата на BDI за пад на активноста од 0,1 отсто во новата година, тоа би значело дека БДП ќе опаѓа три последователниПрочитај повеќе

red and orange lantern lamp under white clouds and blue sky during daytime

Сподели со своите пријатели

Кинеската Нова Година се прославува низ Азија, започнувајќи празничен период познат како Гуонски или „вртење на годината“, придружен со традиции и обичаи кои го означуваат крајот на старата година и доаѓањето на новата. Пролетниот фестивал, кој започнува денеска, е додаден на листата на УНЕСКО во 2024 година, објави Ксинхуа. ТрадиционалнитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Најмалку 15 лица загинаа синоќа во Прајаграј, северна Индија, за време на стампедо на масовниот хиндуистички аџилак Кумб Мела, пренесува АФП. Многу верници се повредени во несреќата, некои тешко, и се хоспитализирани, изјави за АФП еден од лекарите во болницата Свароп Рани Нехру во Прајаграј, каде што жртвите се евакуирани.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Мртви тела лежеа на улиците, одекнуваше звукот на истрели, а болниците беа преполни во најголемиот град во источна Демократска Република Конго, додека борците од бунтовничката група М23 поддржана од Руанда наидоа на мал отпор од армијата и провладините милиции. Еден ден откако бунтовниците влегоа во градот покрај езерото, демонстрантите воПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Француската полиција започна истрага за смртни закани упатени кон судија и двајца обвинители вклучени во судењето за корупција на лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, што би можело да ѝ забрани да се кандидира на претседателските избори во 2027 година, соопштија полициски и судски извори. Ле Пен е фаворитПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Европската унија го направи првиот чекор кон ублажување на строгите санкции против Сирија, откако министрите за надворешни работи во понеделникот го поддржаа планот за привремена суспензија, условена со напредок на теренот. Првите ограничувања кои најверојатно ќе бидат ублажени се однесуваат на банкарскиот, енергетскиот и транспортниот сектор, изјавија неколку дипломати заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 300 рудари останаа заробени во напуштениот рудник за злато Буфелсфонтеин, на околу 150 километри од Јоханесбург, каде што станале канибали за време на месечната борба за опстанок, велат преживеаните, пишува германски Билд. Рударите поминале пет месеци под земја, каде што прибегнаувале кон екстремни мерки поради недостаток на хранаПрочитај повеќе

blue coupe parked beside white wall

Сподели со своите пријатели

Гневот поради поддршката на Илон Маск за екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) и неговиот повик Германија да ја „преболи“ својата нацистичка историја може да почне да влијае на неговите финансиски интереси откако полскиот министер за туризам Славомир Нитрас повика на бојкот на Тесла. „Нема оправдување за кој билоПрочитај повеќе