Војна во Украина (Page 683)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Европската комисија му препорачува на Европскиот совет да ја потврди перспективата на Украина, Молдавија и Грузија да станат членки на ЕУ, односно дала мислење за доделување кандидатски статус. Европската комисија утврди дека Украина генерално постигнала добар напредок во постигнувањето стабилност во институциите кои гарантираат демократија, владеење на правото, човекови праваПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

По четири месеци руска инвазија, хуманитарната ситуација во Украина, а особено во Донбас е „крајно алармантна“, соопштија денеска ОН додека продолжуваат борбите меѓу украинската и руската армија на oстокот на земјата. „Хуманитарната ситуација во цела Украина, особено на истокот на Донбас, е крајно алармантна и продолжува брзо да се влошува“,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Руската армија во борбите во текот на изминатиот ден загуби околу 200 луѓе, а од 24 февруари годинава до денеска околу 33.150, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина. Во соопштението се наведува дека „непријателот претрпел најголеми загуби во правец на Бахмут“, а Руската Федерација изгубила седум тенкови и 18Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

НАТО ја гледа Источна Европа како најверојатната сцена на војната, за што сведочат вежбите на алијансата во регионот, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев. Патрушев оцени и дека Западот се обидува да ја претвори Евроазија во регион на марионетски држави кои меѓусебно војуваат, пренесе ТАСПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Најмалку 1.348 цивили се убиени за време на битката за Мариупол, меѓу кои 70 деца, изјави денеска високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет. „Вистинскиот број на загинати во акциите против цивили е веројатно уште неколку илјади“, изјави Бачелет, а пренесува Танјуг. Таа додаде дека цивили биле убиениПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а шест се ранети утринава во ракетен напад на руските сили врз Николаев, изјави претседателот на регионалната воена администрација Виталиј Ким. Како што напиша на својот канал Телеграм, меѓу повредените има и едно дете, пренесува Укринформ. „Во нападот беа оштетени четири станбени згради и една инфраструктурна зграда“,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Евакуацијата на 568 цивили кои се кријат во бункери под хемиската фабрика Азот во Северодонецк во моментов е невозможна поради гранатирање и жестоки борби, изјави денеска украинскиот гувернер на областа Луганск, Сергеј Гајадај. Тој во објава на својот канал на Телеграм изјави дека меѓу цивилите кои се кријат во бункеритеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Велика Британија во својата нова разузнавачка проценка за ситуацијата на теренот во Украина и Русија објави дека скептицизмот кон војната е особено силен меѓу руската деловна елита и заедница, пренесува Ројтерс. Илјадници милионери во моментов се обидуваат да ја напуштат Русија, а продолжувањето на заминувањето наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Подружница на Гугл во Русија поднесе барање за стечај. Арбитражниот суд во Москва го регистрирал стечајот на Гугл ДОО, според списите на арбитражните предмети. Барањето е поднесено до судот на 16 јуни, а датумот за разгледување на нејзината важност се уште не е одреден, пренесува РИА Новости. На 18 мај,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинската морнарица објави на социјалните мрежи дека го погодила рускиот спасувачки брод Спасувач Васили Бек, за кој се вели дека превезувал муниција, оружје и персонал на руската Црноморска флота до Змискиот остров. Русите засега ништо не коментираат. Сè потврди и гувернерот на Одеса, Максим Марченко кој го повтори своето тврдењеПрочитај повеќе