Војна во Украина (Page 671)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто во интервју за Си-Ен-Ен ја бранеше одлуката на владата на Виктор Орбан да продолжи да купува руски енергетски производи, но не и да испраќа оружје во Украина, кое на земјата и е потребно да се одбрани од руската инвазија. Унгарскиот министер за надворешни работиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Украина лаже кога вели дека руската армија ги напаѓа сопствените градови, пренесува руската прорежимска агенција Тасс. „Со еден збор, тие лажат. Фактите се добро познати, нашето Министерство за одбрана ги презентира фактите секој ден“, рече Лавров на прес-конференција по разговорот со виетнамскиотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Дмитри Песков, портпаролот на Владимир Путин, одржа редовна прес-конференција. На неа, меѓу другото, тој рече дека „Јапонија зазеде непријателски однос кон Русија“ што „не помага во развојот на соработката во трговскиот и енергетскиот сектор“. Покрај тоа, тој рече дека Кремљ „не остварил никаков значаен контакт со Ватикан“ во врска соПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Талита до Вале, 39-годишна поранешна бразилска манекенка и исто така елитна снајперистка која документирала воени подвизи на Јутуб, била убиена за време на руското гранатирање на Харков, пишува Мирор. За време на нападот, животот го загуби и поранешниот војник на бразилската армија Даглас Бурига, кој се вратил во бункерот заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Плажите во украинскиот приморски град Одеса летово ќе останат затворени поради опасност од мини, изјави денеска шефот на регионалната воена управа на Одеса, Максим Марченко. – Наша главна задача е да спасиме животи на луѓе. Затоа заедно со градскиот совет на Одеса е донесена одлука плажите да останат затворени –Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Дмитри Медведев, поранешен претседател на Русија и долгогодишен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и актуелен потпретседател на рускиот совет за безбедност, објави долг текст на својот канал на Телеграм во кој се потсмева на можноста некој од Русија да заврши на меѓународен суд за напаѓање на Украина. „Казнувањето наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

„Русија веројатно ќе продолжи да ја консолидира својата контрола над Лисичанск и Луганск. Повеќето од останатите достапни единици се наоѓаат на северот на Украина“, објавија британските разузнавачки служби на социјалните мрежи во средата. Во текот на изминатата недела, руските сили најверојатно напредуваа уште 5 километри по главниот пат Е40 одПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Најмалку пет лица загинаа во руските напади врз источниот украински регион Доњецк во изминатите 24 часа, соопштија локалните власти. Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк, рече дека 21 лице е повредено во „континуираното гранатирање“. По заземањето на Луганск, руските сили ги насочуваат своите напади врз соседниот регионПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателот на чеченскиот парламент, Магомед Даудов, изјави за новинарите дека чеченските борци во Украина првенствено водат џихад за одбрана на исламот. Даудов вели дека доколку Путин не ги спречи, ќе продолжат додека не стигнат до Берлин. „Да даде Бог, нема сомнеж дека ќе ги освоиме Доњецк, Миколаив, Херсон, Одеса. СеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Најмалку 340 деца загинаа во руските напади врз Украина, соопшти канцеларијата на главниот украински обвинител. Од почетокот на руската инвазија, 645 деца се повредени во војната, се вели во соопштението за печатот. Канцеларијата на главниот обвинител на Украина наведува дека „овие бројки не се конечни“ и дека канцеларијата работи наПрочитај повеќе