Руски дронови повторно ја нападнаа Украина во текот на ноќта
Руските сили во текот на ноќта го нападнаа градот Октирка во североисточна Украина, при што беа оштетени неколку станбени згради и автомобили, додека избувна пожар во помошна зграда, соопштија украинските власти. Според првичните информации, во нападот нема загинати или повредени, а на местото на нападот работат итните служби, пренесува Укринформ.Прочитај повеќе